ФОТО | Харисон Форд и 23 години помладата сопруга уживаат на одмор во Дубровник
Славниот холивудски пар Калиста Флокхарт и Харисон Форд (79) уживаат во Дубровник со нивниот син Лиам.
Познатиот и омилен американски актер Харисон Форд, откако го повреди рамото за време на снимањето на петтото продолжение на филмот за авантуристот и археологот Индијана Џонс во Велика Британија, пристигна во Дубровник да се опорави и да се одмори со синот Лиам и неговата сопруга, 56-годишна актерка Калиста Флокхарт, главната хероина на популарната серија „Али Мекбил“.
Харисон Форд прошетал низ градот во едноставни црни панталони и црна маичка, добро „камуфлирана“ со црни очила и маска на лицето, додека Калиста бика во опуштен, летен фустан и патики.
View this post on Instagram
Претходно, Форд бил облечен во едноставна сива маица и панталони, а неговата 23-години помлада сопруга била во црвен фустан со бели sвезди, додека преку рамото имала плетена торба. Двајцата имале патики на нозете. Сепак, холивудските ѕвезди застанале и му позирале на фотографот на Пиксел.
Според пишувањето на „Дубровачки весник“, за време на обиколката на градот и двајцата носеле маски, кои ги извадиле само за да се фотографираат.
Откако се симнале од ѕидините, тие прошетале по Страдун и влегоа во палатата Спонза.
Двојката, која важи за една од најскладните во Холивуд беше во врска 19 години, во брак се 11 години и го имаат синот Лиам.