Хари Мегваер – сега и „Театарот на соништата“ знае дека има врвен дефанзивец

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Кога игра добро Хари Мегваер, Манчестер јунајтед победува – човекот на кој му верува само селекторот на Англија, Герет Саутгејт во последниве години, заслужи почит на „Олд Трафорд“ на потешкиот начин.

За сите лоши работи што му се случија на Манчестер јунајтед во последните години, тој беше секогаш „виновникот“, некој кој помина низ невиден притисок од трибините, од медиумите и особено од социјалните мрежи. Некој кој беше на излезната врата на „Олд Трафорд“ ова лето.

За тоа време, само англискиот селектор Саутгејт, изгледа веруваше во него, а потоа и Мегваер кого го отпишаа сите други – во црвениот дрес, во ноќта коа сите плачеа за големиот Боби Чарлтон – и во „Театарот на соништата” покажа колку е силен.

Поточно, неговиот синоќешен гол за прва победа на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите (против Копенхаген 1:0) беше само продолжение на добрите игри доцна секогаш кога добиваше шанса од Ерик тен Хаг. Фактот дека клубот победи на 16 од последните 17 натпревари кога Мегваер беше во стартниот тим, објаснува нèнајдобро – кога на теренот е цврстиот дефанзивец, победува Јунајтед.

– Навистина сум горд на начинот на кој се однесував во текот на минатата година. Сега ја добив шансата и само сакам да помогнам овој клуб да се врати таму каде што треба да биде – изјави Мегваер по натпреварот во Копенхаген.

Интересна е и статистиката на Јунајтед кога Мегваер не бил во тимот – 43 натпревари, 22 победи.

– Морате да му оддадете признание откако не доби ништо освен критики и психичко малтретирање во изминатите 12 месеци. Тој одигра навистина голем натпревар – рече легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот