ВИДЕО | ЛШ: Најкритикуваните на „Олд Трафорд“ херои на Јунајтед, едно полувреме за Елмас во победата на Наполи

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Вечерва во најелитното европско натпреварување се играа натпревари од третото коло.

Реал Мадрид остана перфектен и по три натпревари има исто толку победи, вечерва „кралевите“ беа подобри од Брага во Португалија со 1:2.

Натпреварот го товори Рориго по само 16 минути игра и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Белингам ја продолжи добрата форма и повторно се запиша во листата на стрелци откако во 61. минута зголеми на 0:2

Брага само две минути подоцна преку Џало намали на 1:2, но тоа беше се што можеа домаќините и не беше доволно за изненадување и позитивен резултат.

Во еден од натпреварите кој се очекуваше да биде еден од најнеизвесните Арсенал ја совлада Севиља со 1:2. Првиот гол на натпреварот го видовме дури во судиското продолжение од првиот дел кога Мартинели ја погоди мрежата на Севиља.

По само осум минути игра во второто полувреме, Габриел Жесус се погрижи за 0:2. Конечните 1:2 ги постави Гудељ во 58. минута.

Наполи на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас славеше на гости кај Унион Берлин со 0:1. Голот на одлука го постигна Распадори во 65. минута. Елмас од Гарсија доби едно полувреме откако на стартот на вториот дел влезе на местото на Кајусте.

Најдраматичниот натпревар го гледавме на „Олд Трафорд“ каде што Манчестер Јунајтед благодарение на луѓето кој најмногу ги критикуваа Онана и Хари Мегваер донесоа победа за „црвените ѓаволи“. Мегваер во второто полувреме го постигна единствениот гол на натпреварот, а потоа камерунскиот голман во самата завршница одбрани пенал.

 

 

Во останатите два натпревари, Реал Сосиедад на гости ја совлада Бенфика со 0:1, додека Ленс и ПСВ го одиграа единствениот натпревар вечерва на кој немаше победник (1:1).

ВИДЕО | ЛШ: Интер го совлада Салзбург, Баерн победнички во Турција

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот