ВИДЕО | ЛШ: Интер го совлада Салзбург, Баерн победнички во Турција

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во денешниот термин од 18:45 во рамките од третото коло во Лигата шампионите победи забележаа екипите на Интер и Баерн Минхен кои ги оправдаа фаворитските улоги.

Интер на свој терен беше подобар од Салзбург со 2:1. По само 19 минути игра, Алексис Санчез ја затресе мрежата на гостинскиот тим. Иако видовме уште по некоја прилика на двете страни, резултатот во првиот дел не се промени.

Салзбург во вториот дел по 15-тина минути игра успеа да дојде до гол за изедначувцање преку Глук, но Хакан Чалханоглу седум минути по тој гол одново го врати водството на „нероаѕурите“.

 

Интер до крајот уште еднаш ја погоди мрежата преку Лаутаро, меѓутоа тој гол беше поништен поради офсајд. Салзбург сепак не успеа да дојде до позитивен резултат.

По овој триумф Интер е на врвот во групата со седум бода од три натпревари, а потоа следува Реал Сосиедад со четири бода и натпревар помалку, Салзбург е трет со три, Бенфика последна без бодови. Вечерва од оваа група својот натпревар го играат Сосиедад и Бенфика.

Баерн Минхен на гостински терен во Истанбул славеше победа од 1:3. Уште во осмата минута Кингсли Коман го отвори резултат, додека Икарди со гол од пенал ја врати надежата кај домашните навивачи.

Во вториот дел Кејн и Мусиала ги обезбедија трите бода за германскиот гигант. Баерн по три кола во групата има максимални девет бодови, Галатасарај четири, а Копенхаген и Манчестер Јунајтед кој својот натпревар го играат вечерва се на третата, односно четвртата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот