Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Хамнеи ги повика иранските шпиони да ја засилат борбата против непријателите дома и во светот

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денеска ги повика разузнавачките служби на државата да ги засилата активностите и борбата против непријателите во земјата и надвор од неа.

Иран веќе три недели е цел на постојани израелски и американски напади, кои предизвикаа општа криза на Блискиот Исток, откако Техеран одговори со напади врз енергетската инфраструктура на земјите во регионот кои се американски сојузници, како и врз американските бази во овие држави. Хамнеи, кој го наследи својот татко, загинатиот ајатолах Али Хамнеи, го упати повик до шпионите откако беше објавено дека портпаролот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) загинал во ракетен напад.

Објавата на Хамнеи на „Икс“ дојде и по смртта на министерот за разузнавање, Есмаил Хатиб, кој беше убиен оваа недела.

„Преостанатите службеници и вработени во ова чувствително министерство мора да ја надоместат празнината што ја остави неговата смрт“, вели Хамнеи во објавата.

Моџтаба Хамнеи се нема појавено јавно и не објави ниту една аудио или видеоснимка откако беше именуван за нов врховен лидер на Иран на 8 март. Во нападот во кој беше убиен неговиот татко, Моџтаба Хамнеи беше ранет, а ги загуби и сопругата и мајката.

ВИДЕО | Зградата каде требаше да се избере наследникот на Хамнеи е срамнета со земја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот