ВИДЕО | Зградата каде требаше да се избере наследникот на Хамнеи е срамнета со земја
Зградата каде што иранските функционери денеска се состанаа за да одлучат за новиот врховен лидер на земјата беше уништена во воздушни напади, објавуваат странските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Висок израелски функционер потврди за Фокс њуз дека зградата била погодена додека функционерите се собираа за да изберат нов врховен лидер. „Израел нападна додека ги броеја гласовите за да го назначат врховниот лидер“, изјави тој за Фокс њуз.
Таканаречениот „Совет на експерти“, кој има згради во Техеран и јужно од главниот град во градот Ком, се состои од 88 членови кои учествуваат во одлучувањето кој ќе ја преземе власта по атентатот врз сегашниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи. Да потсетиме дека тој беше убиен во сабота наутро, на самиот почеток на американско-израелските напади врз Иран.
И Иранските медиуми потврдија дека израелскиот напад „ја срамнил со земја“ зградата каде што се состанувале највисоките функционери за да го изберат новиот врховен водач на Иран.
„Американско-ционистички криминалци ја нападнаа зградата на Собранието на експерти во Ком, јужно од Техеран“, според иранската новинска агенција Тасним.
Снимки од остатоците од зградата по израелскиот напад се појавија на социјалните мрежи.
حملات هوایی به ساختمان خبرگان در میدان رسالت #قم pic.twitter.com/bkK5bTV1Y5
— ائتلاف ۱۰ ꪜ 👀 (@etelaf10) March 3, 2026
108 загинати во напад врз женско училиште во Иран, утре е ден на жалост


