108 загинати во напад врз женско училиште во Иран, утре е ден на жалост

Гувернерот на покраината Хормозган, каде што се наоѓа Минаб, прогласи ден на жалост за недела, 1 март, во покраината

Бројот на жртви во американско-израелскиот напад врз женското училиште во Минаб на југот на Иран се зголеми на 108, објави вечерва иранската новинска агенција Фарс, додавајќи дека утре ќе биде ден на жалост.

Повикувајќи се на обвинителот на регионот Минаб, бројот на жртви во израелскиот ракетен напад што го погоди женското училиште во Минаб на југот се искачи на 108, а десетици луѓе беа ранети.

Гувернерот на покраината Хормозган, каде што се наоѓа Минаб, прогласи ден на жалост за недела, 1 март, во покраината, јавува новинската агенција ИСНА.

Според претходниот биланс, имало повеќе од 60 мртви и 90 повредени.

Израел и Соединетите Американски Држави го нападнаа Иран рано утрово, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите биле дел од голема операција насочена кон „срамнување со земја на иранската ракетна индустрија“. Иран возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, првенствено таму каде што има американско присуство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот