Хали Бери - Фото: Rocher/BFA.com / Shutterstock Editorial / Profimedia

Хали Бери откри интимни детали од спалната соба: „Веќе не го правам тоа“

Хали Бери откри што повеќе не сака да прави во спалната соба, додека ужива во страсната врска со свршеникот Ван Хант.

Актерката, која почна да се забавува со музичарот во 2020 година, неодамна отворено проговори за својот сексуален живот и нејзината одлука да престане да глуми оргазам, пренесува „Пејџ сикс“.

Појавувајќи се во неодамнешната епизода од поткастот „Секс со Емили“, Бери призна дека завршила со таа практика.

– Веќе не го правам тоа. Стигнавме до точка каде што глумиме оргазми за тој да се чувствува добро. И што навистина постигнуваме со тоа? Ги ставаме неговите потреби пред нашите – рекла актерката.

– Сега си велам: „Не, јас сум на прво место, исто како што ти се ставаш себеси на прво место“. И двајцата заслужуваме ова да биде заемно пријатно искуство, каде што можеме да се свртиме и да заспиеме чувствувајќи се добро, а не едната личност да ‘рчи, а другата да гледа во таванот и да се прашува: „Што, по ѓаволите, беше тоа?“ – додала таа.

Ова не е првпат Бери отворено да зборува за интимни прашања. Двојката претходно се соочуваше со страв дека ќе биде погрешно дијагностицирана со сексуално пренослива болест откако актерката доживеала болка за време на сексот.

– Се чувствував како да имам бричеви во вагината. Истрчав кај гинекологот и реков: „О, Боже, што се случува?“ Беше ужасно. Докторот рече: „Имаш најлош случај на херпес што некогаш сум го видел.“ Јас реков: „Херпес? Немам херпес!“- раскажала тогаш таа.

Тестовите подоцна покажале дека ниту Хант ниту Бери немаат херпес, и на крајот беше утврдено дека болните симптоми на 59-годишната актерка се резултат на перименопауза, периодот што води до менопауза што ги погодува милиони жени.

Инаку, Бери, која почна да се забавува со Хант во 2020 година, ја потврди својата свршувачка претходно овој месец во „Вечерното шоу со Џими Фалон“.

ВИДЕО | Спектакуларниот свршенички прстен на Хали Бери со дијаманти и сафири вреди повеќе од 200 илјади долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот