Хали Бери и Ван хант - Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

ВИДЕО | Спектакуларниот свршенички прстен на Хали Бери со дијаманти и сафири вреди повеќе од 200 илјади долари

Актерката Хали Бери и музичарот Ван Хант се свршија по пет години врска. Веста за свршувачката ја откри самата актерка за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show with Jimmy Fallon“ на 5 февруари, каде што без двоумење го покажа својот нов и уникатен свршенички прстен.

Хали Бери – Фото: Притнскрин/ Инстаграм

Експертите за накит веќе ги анализираат деталите на ова впечатливо парче, вклучувајќи ја неговата вредност и каратните карактеристики, а сметаат дека станува збор за уникат со многу личен дизајн и многубројни дијаманти, пренесува „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Etalk (@etalkctv)

Чау Луи, соосновачка на брендот „Celi“, истакнува дека прстенот ги одразува модерните трендови, но останува длабоко личен. Киган Фишер, извршен директор на брендот „Frank Darling“, го опишува прстенот како „архитектонска интерпретација на модерниот максимализам“. Според него, комбинацијата на дијаманти и сафири со геометриски форми го прави прстенот многу модерен, па дури и пред своето време. Фишер предвидува дека ваквиот дизајн би можел да стане водечки тренд меѓу невестите во текот на 2026 година.

Џилијан Сасон, основачка на „Marrow Fine“, смета дека прстенот на Бери ќе постави нови стандарди за драматични и посебни свршенички прстени:

„Ова е еден од оние прстени кои веднаш го привлекуваат вниманието. Храбар е, нетрадиционален и совршено ја отсликува личноста на Хали Бери“.

Стручњаците проценуваат дека централниот дијамант има околу 2 карати, а е опкружен со повеќе од 20 обоени дијаманти и скапоцени камења, поставени во специфична архитектонска композиција врз класично жолто злато.

Дополнително, се претпоставува дека главниот дијамант може да тежи и до 3 карати, додека дизајнот вклучува платинска подлога и акценти од сафири со потекло од Цејлон или Бурма. Поради огромниот број скапоцени камења и врвната изработка, експертите проценуваат дека вредноста на овој прстен може да надмине 200.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот