Халеп прва финалистка на мастерсот во Торонто

Симона Халеп ќе игра за третата титула на мастерсот во Канада/фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Романската тенисерка Симона Халеп е првата финалистка на мастерс турнирот од серијата 1000 во Торонто, откако во полуфиналето ја совлада Американката Џесика Пегула во три сета со 2:6,6:3,6:4.

Моментално 15. тенисерка во светот славеше против седмата тенисерка на ВТА-листата по два часа и 14 минути игра и со тоа стигна до своето четврто финале на мастерсот во Канада и ќе се бори за третата титула.

Со победата над Пегула и пласмант во финалето, Халеп од понеделник повторно ќе биде меѓу десетте најдобри тенисерки на ВТА ранг-листата.

Во финалето на турнирот во Торонто, Халеп ќе игра со победничката од второто полуфинале во кое се среќаваат Каролина Плишкова и Бразилката Беатрис Хадад Маја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот