Хакирани телефони на европратеници

Засилени нападите спроти изборите во јуни - Фотографија ЕПА, Оливие Хосле

Членовите на Поткомитетот за безбедност на Европскиот парламент ги предале своите телефони на безбедносна проверка откако биле откриени докази дека се хакирани најмалку два апарати.

Европскиот парламент спроведува засилени мерки за безбедност спроти изборите за европратеници во јуни годинава. Внатрешна проверка спроведена во декември покажала дека кибернетската заштита сѐ уште не ги задоволува „индустриските стандарди“ и дека е „под нивото на закана од хакери, особено оние спонзорирани од држави.

Еден од „заразените“ телефони на членовите на Поткомитетот за безбедност бил откриен во вторникот, при рутинска проверка. Регистрирани се „траги на шпионска програма“, но не било утврдено како, кога и зошто бил заразен телефонот.

Претставничката на Европскиот парламент Делфине Колар подоцна изјавила дека се октриени траги на два апарати, поради што била испратена порака до сите членови да ги остават своите телефони на стручна проверка.

– Поради актуелниот геополитички контекст и поради природата на податоците што им се на располагање на членовите на Поткомитетот за безбедност и одбрана, се посветува специјално внимание на уредите на членовите на овој Поткомитет и на службениците што го поддржуваат – соопшти Европскиот парламент.

Ова не е прв напад со шпионски софтвер врз Европскиот парламент. Во 2022 година биле уфрлени софтверите „пегаз“ и „кандиру“ во телефони на членовите на Каталонското движење за независност, а во уредот на грчкиот опозициски лидер Никос Андрулакис бил пронајден „предатор“. Цел на хакерски напад биле и уредите на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Метсола. По низата напади бил формиран специјален комитет за да се истражат случаите, особено поради скандалите дека во четири членки на Европската Унија владите користеле хакерски софтвери заради политичка полза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот