Хајко Мас со најава за можно заминување на разговори со Палестинците и со Израелците

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас најави дека се надева дека ќе замине за Израел на разговори утре со Израелците и Палестинците за конфликтот во Газа.

Запрашан да ги потврди извештаите на израелските медиуми за такво патување, Мас изјави во Берлин дека: – „Не можам да кажам сто отсто, бидејќи секако такво патување го координираме со оние кон кои патуваме”.

Тој додаде дека координацијата се уште не е завршена.

– Но, да, мојот план е да заминам за Израел вечерва и да разговарам во Ерусалим и Рамала, изјави Мас.

Претходно, првиот германски дипломат ја отфрли можноста за разговор со  претставници на палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот