Хадад Маја немаше сили за уште едно изненадување, Халеп триумфира на мастерсот во Торонто

Симона Халеп по трет тримфира на мастерс турнирите во Канада/фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на  титулата на мастерсот турнирот од серијата 1000 во Торонто. Халеп во финалето беше подобра од Бразилката Беатриз Хадад Маја со 6:3, 2:6, 6:3.

Халеп до деветтата мастерс титула во кариерата и трета во Канада дојде по два часа и 16 минути игра.

Хадад Маја која е на 24 место на ВТА ранг-листата, одлично го отвори мечот и поведе со 0:3, но потоа следеше неверојатна серија на Халеп. Романката освои шест гема по ред и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Хадад Маја не ја испушти предноста, два пати го одзеде сервисот на Халеп и го однесе мечот во третиот одлучувачки сет.

Но третиот сет, Халеп успеа да направи два брејка кои и беа доволни за да го освои сетот со 6:3 и да триумфира на мастерсот во Торонто.

Благодарение на триумфот во Торонто, Халеп од утре повторно ќе биде во топ 10 на ВТА ранг-листата, таа ќе биде шеста тенисерка на светот. .

Видео на денот