Грција во 8 региони воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти

Грчко полициско возило за време на полициски час / Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Уште три региони од северниот дел на Грција од денеска се во црвената зона со полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во пет региони во кои беа воведени минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Ксанти, Драма и Касторија се префрлени во црвената категорија, а мерките се продолжени во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала во северна Грција, како и во Арголида на Пелопонез.

Регионот Евританија во централна Грција од црвената преминува во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот