Ѓорѓески: Недостасуваат играчи, лоша одбрана, примивме многу голови!

Фото: rkmetalurg.mk

Металург претрпе уште еден пораз во Европската лига, по вторпат подобар беше рускиот Чеховски Медведи. Противникот денеска во СЦ „Борис Трајковски“ славаше со конечен резултат 32:37.

Од таборот на Металург велат дека недостасуваат играчи за поголема ротација, стратегот на екипата се надева дека тоа наскоро ќе се промени.

Тренерот на РК Металург, Оливер Димитриоски:

– Денеска одигравме барем во нападот малку поквалитетен натпревар во однос на првиот меѓусебен меч во Русија. Во одбрана бевме лоши, во еден период подобро одигравме каде што се состави екипата. Но, се гледа дека ни недостасуваат и другите играчи да се комплетираме за да можеме квалитетно да одговориме на другите екипи за поголема ротација и за подобра одбрана и напад.

Голманот на РК Металург, Даниел Ѓорѓески:

– Честитки до противникот за добрата игра, и покрај сите проблеми кои ги имавме, успеавме да собереме сили, да одиграме еден добар натпревар, малку потфрливме во одбраната, примивме многу голови на домашен терен. Ни недостасуваат играчи, можеме да жалиме што не сме комплетни, инаку ќе беше поинаков резултатот на крајот.

Лига Европа: Металург загуби по вторпат од Чеховски Медведи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот