Ѓорческа ита кон титулата во Унгарија

Лина Ѓорческа /Фото: lavoixdunord.fr

Лина Ѓорческа со резултат 2:0 по сетови 6:0 и 6:2 убедливо ја елиминираше колумбиската претставничка Емилијана Аранго.

За пласман во големото финале на турнирот во Унгарија во сингл конкуренцијата ќе игра против Вероника Ерјавец од Словенија.

Во второтоп полуфинале силите ќе ги одмерат третата носителка Река-Лука Јани (Унгарија) и петтата носителка Дејана Радановиќ (Србија).

Претходно нашата тенисерка успеа да го совлада Ванда Лукаш со 2:1 во сетови, а турнирот го стартуваше со победа над Норвежанката Меланија Сток (2:0).

Во двојки заедно Ѓорческа заедно со Грузијката Мариан Далакишвили беа елиминирани во четвртфиналето од вторите носителки кои доаѓаат од Романија, Оана Гаврила и Андреа Амалиа Роска со 7:6 (8) и 6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот