Големите компании и објавија војна на сексуалната злоупотреба на малолетници на интернет

Создаден е и фонд за истражување и иновации од неколку милиони евра за создавање технолошки алатки за спречување и поефикасна работа за да се искорени сексуалната експлоатација и злоупотребата на деца преку интернет.

Амазон, Епл, Фејсбук, Гугл и Мајкрософт и уште петнаесетина други компании договорија коалиција за заедничка борба против сексуална злоупотреба на малолетни лица на Интернет.

Компаниите се конкретно посветени на финансирање „фонд за истражување и иновации од неколку милиони евра за создавање технолошки алатки за спречување и поефикасна работа за да се искорени сексуалната експлоатација и злоупотребата на деца преку интернет”, велат од коалицијата.

Организацијата, исто така, ќе објави годишен извештај за направените напори и најавува создавање „годишен форум” на таа тема.

– Новиот план ќе ни помогне да ги споделиме најновите достигнувања, знаења и алатки преку дигиталниот екосистем. Ниту една компанија не може да го реши проблемот самостојно, рече официјалниот претставник на Гугл, Кент Вокер.

Извршниот директор на Фејсбук, Шерил Сандберг рече дека тие се “горди што придонесуваат за оваа иницијатива”.

– Се надеваме дека таа ќе доведе до вистински промени за безбедноста на децата, нагласи Сандберг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот