ГОЛЕМАТА ТАЈНА на розовиот костим на ЏЕКИ КЕНЕДИ

Симбол на трагедијата на убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди е розовиот костим на неговата сопруга Џеки Кенеди. Пред американската нација, костимот на Шанел извалкан со крв, Џеки го носела за да го истакне ужасот.

Во него била и при положувањето на заклетвата на новиот претседател Линдон Џонсон, носејќи го костимот за да го покаже шокот и ужасот од проживеаното. Фотографиите од тие моменти се главно црно бели, па бојата не може да се забележи.

Profimedia

Во светлото на убиството на Кенеди и суровата реакција на првата дама, тој костим станал дел од културата. Но всушност постои тајна за тој костим која повеќето луѓе не ја знаат.

Тоа всушност не е Шанел“, пишува Сатон Травис за bestlifeonline.com.

На Џеки Кенеди ѝ се воодушевувале како на модна икона со могу стил, но некои ја критикувале поради екстравагантниот вкус кон странската мода за време на претседателската кампања на нејзиниот сопруг.

Тоа било доволно за политичкиот тим на Кенеди да се чувствува непријатно, па ја замолиле покрај својот сопруг да се појавува исклучиво во американска облека.

Profimedia

Џеки Кенеди успеала да ги надмине ограничувањата.

Ангажирала американски дизајнери кои ги копирале меѓународните стилови и модните решенија со одобрение на  странските модни дизајнери. И така Џеки Кенеди дошла до тој розов костим, идентичен на Шанеловиот од таа сезона.

Вашингтон пост објаснува дека иако се чинело дека станува збор за Шанел, всушност го изработила модната куќа од Џујорк, Чез Нинон.

 

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот