Големата награда на Абу Даби во Формула 1 до 2030 година

Ќе се гледа ноќна Формула 1 трка во Лас Вегас/Фото: EPA-EFE/ANDREJ ISAKOVIC

Големата награда на Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе биде во календарот на Формула 1 до 2030. година, стои во соопштението на сајтот на натпреварувањето.

Продолжувањето на соработката е договорено пред крајот на тековната сезона и трката на патеката Јас Марина, на која ќе го дознаеме шампионот за оваа сезона.

Како што е веќе познато за првото место се борат актуелниот шампион Луис Хамилтон и Макс Ферстапен кои имаат по 369,5 поени, со разлика што Холанѓанецот е подобар со повеќе победи.

Патеката во Абу Даби е во календарот на Формула 1 од 2009 година, а претседателот и извршен директор на оваа организација, Стефано Доменикали е воодушевен од продолжувањето на соработката.

Најмногу победи во историјата на оваа трка има Хамилтон, вкупно пет, четири има Себастијан Фетел, две Кими Раиконен, а една Ферстапен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот