Што ќе се случи доколку Хамилтон и Ферстапен не освојат бодови на последната трка во Абу Даби?

Големото Ф1 финале за годинава ќе се одржи во Абу Даби, ОАЕ/Фото: EPA-EFE/Lars Baron

Британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон (Мерцедес) го победи Макс Ферстапен („Ред Бул“) во драматичната трка во Саудиска Арабија и воедно се изедначи со Холанѓанецот на врвот во генералниот пласман во сезоната.

На сите љубители на овој спорт веднаш им стана јасно дека одлуката за шампионот во 1 за 2021 година ќе биде донесена на последната трка која ќе се одржи следниот викенд во Абу Даби на 12 декември.

На табелата кај возачите Ферстапен и Хамилтон имаат ист број бодови, 369.5 поени.

И покрај тоа што има идентичен број на бодови, Ферстапен и натаму е во водство пред последната трка, бидејќи има повеќе победи оваа сезона.

Имено, холандскиот возач славеше на девет трки, додека Хамилтон победи осум пати, што значи дека Холанѓанецот ќе ја понесе титулата доколку ниту еден од нив не освои бодови.

Се знае за популарноста на Хамилтон како седумкратен светски шампион, но се чини дека Ферстапен моментно има повеќе s поради неколку причини. Од друга страна доколку Британецот доколку освои уште една титула, ќе стане осамен на врвот по бројот на Ф1 титули, една повеќе од легендарниот Михаел Шумахер.

Настрана од фактот дека публиката стандардно сака промена на врвот, на многумина не им се допаѓаат изјавите и стилот на Хамилтон, додека Ферстапен го привлече вниманието со неговото атрактивно возење.
Да потсетиме, големото финале на сезоната во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кое ќе го следи целиот свет, се вози в недела.

Војна на зборови помеѓу Ферстапен и Хамилтон по контроверзната трка во Џеда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот