Меган Маркл, принцот Хари и принцезата Лилибет / Фото: EPA-EFE/AFOLABI SOTUNDE / Принтскрин / Инстаграм

Голема прослава во семејството на принцот Хари и Меган Маркл: Принцезата Лилибет Дијана денеска полни 3 години

Принцот Хари и Меган Маркл денеска го слават третиот роденден на нивната мала принцеза Лилибет Дијана, а нивната прослава започнала уште од минатиот ден.

Имено, пријателите и најблиските членови од семејството се собрале во семејната куќа на Хари и Меган во Монтесито, Калифорнија и уживале во времето заедно, пишува „Пејџ сикс“.

Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор е првото кралско бебе родено во САД, а го доби името по прекарот на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора. Средното име го доби по нејзината баба, принцезата Дијана, мајка на принцот Хари.

Фото: Принтскрин / Јутјуб / Нетфликс

Инаку, малата Лилибет го прослави својот прв роденден во Фрогмор Котиџ во Велика Британија, а дел од атмосферата од прославата е снимена и прикажана во документарниот филм на Нетфликс „Хари и Меган“.

Во документарецот тие истакнаа дека нивните деца се на прво место, а открија и дека нивната ќерка сака да танцува. Меган додаде дека нејзиниот петгодишен син Арчи ужива во сите игри и активности кои имаат некаква врска со градењето.

ВИДЕО | Се шири снимка на интернет: Меган Маркл избрка жена која сакаше да застане до принцот Хари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот