Ѓоковиќ успешно ја продолжува одбраната на титулата на Вимблдон

фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Вимблдон откако денеска го совлада Денис Кудла со 6:4,6:3,7:6.
Во наредната рунда, бранителот на трофејот го очекува Чилеанецот Кристијан Гарин кој во четири сета го совлада Шпанецот Мартинез.
Кудла кој на Вимблдон пристигна како 114 тенисер на светот, му пружи солиден отпор на првиот носител, посебно во третиот сет, но тоа не беше доволно да се „размрда“ Ѓоковиќ кој славеше по два часа и 16 минути игра.

Првиот сет беше израмнет до последниот десетти гем кога Ѓоковиќ го направи првиот брејк кој беше доволен за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет, Кудла покажа заби, одзеде еден сервис на Ѓоковиќ, но не можеше да стори ништо повеќе и го загуби со 6:3.
Како што одминуваше времето, Кудла даваше се посилен отпор и во третиот сет водеше со 4:1 во гемови. Во тие моменти речиси сите навивачи на трибините помислија дека ќе се игра и четврти сет, но така не мислеше Ѓоковиќ кој прво успеа да одзеде еден сервис на противникот, а потоа во тај-брејкот и да го освои сетот што значеше пласман во осминафиналето.

Убедлив триумф од 3:0 и тоа со 7:5,6:1,7:6 оствари и Роберто Баутиста Агут кој го совлада Германецот Кепфер.
Кај дамите, елиминирана е поранешната шампионка на Вимблдон, Гарбине Мугуруза која загуби од Тунижанката Онс Жабер која славеше со 5:7,6:3,6:2. Фуриозен пласман во осминафиналето обезбеди Ига Швјонтек која на Романката Бегу и дозволи да освои само еден гем, а триумф од 2:0 во сетови оствари Каролина Плишкова во мечот со сонародничката Мартинцова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот