Ѓоковиќ: Секако дека би сакал да го стигнам рекордот на Федерер
Новак Ѓоковиќ е на добар пат да го освои „Вимблдон“ по шестипат во кариерата, а Рожер Федерер го држи рекордот со осум титули.
Препорачано
Во периодот од 2003 до 2017 година, Федерер осумпати го крена пехарот во Лондон, Новак беше шампион во 2011, 2014, 2015, 2018 и 2019 година.
Минатата година турнирот не се играше поради пандемијата на коронавирусот, а Новак би можел да се доближи до Пит Сампрас, кој има седум титули, исто толку имаше и Вилијам Реншо од 1881 до 1889 година.
Првиот светски ревет Ѓоковиќ доби прашање дали планира да го стигне рекордот на Федерер, еве што одговори српскиот ас:
– Секако дека би сакал, но тој има осум титули, јас имам пет. Имам уште работа, не знам колку повеќе ќе играм тенис на врвно ниво, но сè додека имам волја и желба, мотивација… Додека сум подготвен физички и психички, имам желба и волја, поддршка од други, ќе продолжам. Сè е можно, тоа се случува многу побрзо во животот денес, има многу чудни ситуации надвор од теренот со овој вирус.
Постојат многу околности што се неочекувани, невообичаени … Јас сум на добар пат да освојам уште еден Грен слем, играм доста добро тука. Има уште што да се игра, секако, но не размислувам за тој рекорд, иако Вимблдон ми е омилен и го освоив петпати, што е извонредно. Доколку не го надминам рекордот на Федерер, сигурно нема да бидам несреќен – вели Ѓоковиќ.


