Ѓоковиќ не би бил дисквалификуван доколку УС Опен немаше договор со модниот гигант?

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Револуцијата во тенисот дефинитивно започна оваа година, откако на повеќето терени на УС Опен е тестирана технологијата „соколово око во живо“, со што се исклучуваат судиските линии на теренот, а по суспензијата што му беше дадена на Новак Ѓоковиќ, таа дефинитивно ќе се забрза.

Имено, на повеќето терени во Њујорк, самите машини утврдуваа дали топката е во аут и ги менуваа линиските судии, кои не беа потребни.

Експериментот се покажа како успешен на досегашниот турнир, а многу тенисери се презадоволни од тоа како изгледаше.

БОРИС БЕКЕР ЗА ЃОКОВИЌ: Му пречи тоа што не е толку популарен како Федерер и Надал

Како прво, се исклучува можноста за човечка грешка, а под број два, исклучена е и потенцијалната дисквалификација што ја доживеа Новак Ѓоковиќ, откако тој случајно ја удри линиската судијка Лора Кларк со топка по завршувањето на поени за време на мечот од четвртото коло против Пабло Карењо Буста.

– На повеќето тенисери навистина им се допаѓа. Никогаш не мора да ја доведувате во прашање одлуката – рече Томас Јохансон, тренер на Давид Гофан и поранешен грен слем шампион од „Австралија опен“ во 2002 година.

Тој исто така откри една од потенцијалните причини поради кои Ѓоковиќ беше дисквалификуван.

Имено, поради спонзорскиот договор кој „УС Опен“ го има со модната куќа Ралф Лорен, двата најголеми терени, „Артур Еш“ и „Луис Армстронг“, не се покриени со електронска проверка, бидејќи судиите мора да бидат облечени во маици на Ралф Лорен.

Тениските асови шокирани: Не сакаме вакви работи

– Играчите се тажни што немаа технологија на сите терени, но има една причина, Ралф Лорен – изјави Јохансон.

Па така, да не беше договорот помеѓу модната куќа и УС Опен, веројатно немаше да има линискии судии на Артур Еш додека Новак го играше својот натпревар од четвртото коло, па наместо Лаура Кларк, топката од Ѓоковиќ ќе удреше во камерата и натпреварот ќе продолжеше непречено без никаква суспензија.

Директорката на турнирот, Стејси Аластер, изјави дека технологијата не е инсталирана на два главни турнири, бидејќи сè уште е во експериментална фаза.

Сепак, после случајот со Новак, нема сомнение дека судиските редови наскоро ќе заминат во историјата и ќе им ја препуштат улогата на побезбедни, поточни и оние кои не се мешаат во играта, ниту влијаат врз вас да ризикувате дисквалификација доколку ги погодите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот