Ѓоковиќ му „влезе“ во главата на Надал, Шпанецот нема шанси во евентуалното финале

epa08718243 Novak Djokovic of Serbia in action against Daniel Elahi Galan of Colombia during their men?s third round match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 03 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Еден од двајцата тренери на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ е убеден дека првиот носител ќе триумфира на Ролан Гарос.

Иванишевиќ не е дел од тимот на Ѓоковиќ на Ролан Гарос, со српскиот тенисер е вториот тренер Маријан Вајда, но смета дека дисквалификацијата на УС Опен, всушност повеќе му помогна отколку што му одмогна на првиот носител.

Ѓоковиќ има многу силна глава, тој е победник. Тоа го покажа на Мастерсот во Рим кога не го играше својот најдобар тенис, но сепак победи и според мене тој е главен фаворит на Ролан Гарос – изјави Иванишевиќ за хрватската телевизија ХТВ.

Иванишевиќ смета дека актуелните услови во Париз повеќе му одговараат на Ѓоковиќ.
– Го гледаме Надал и се е исто како и секогаш, но не е баш така. Ова се перфектни услови за Новак, но не и за Надал. Сметам дека во финалето ќе играат Ѓоковиќ и Надал и во него мислам дека Шпанецот нема шанси во вакви услови, Новак веќе му „влезе“ во глава. Тој своето тело и глава ги донесе до совршенство. Подготвен е и до најмал детал, од тактиката, техниката, до исхраната. Интересно е да се работи со него бидејќи сака секој ден да биде подобар, барем 0.0001 проценти, но мора да напредува и таков став досега не сум видел кај никого – додава Иванишевиќ.

За да дојде до пресметка во финалето помеѓу двајцата најдобри тенисери, тие најпрво ќе мора да триумфираат во полуфиналето. Ѓоковиќ пласманот во финалето ќе го брка против Пабло Карењо-Буста,а доколку победи го очекува полуфинална пресметка со подобриот од дуелот Рубљов-Циципас, додека Надал во полуифиналето ќе игра против Диего Шварцман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот