Ѓоковиќ: Имам два омилени натпревари, тие се неповторливи

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, во разговор за италијанскиот Скај спорт открива како ги поминува деновите во изолација. Тениската сезона е прекината поради пандемијата на коронавирусот, и засега не се знае како ќе продолжи.

– За нас тенисерите најважно се да биде јасно околу календарот. Рекоа дека сезоната ќе продолжи на 13. јули, но многумина велат дека тоа нема да се случи. Едвај чекам да се вратиме на терените, тренирам секој ден, трчам, играм со децата.  На почетокот не ми беше ништо јасно, но сега мора да чекаме да видиме што ќе се случува во САД бидејќи таму треба да играме во текот на летото – вели Ѓоковиќ.

Новинарите ги интересираше и неговиот коментар на епското финалето на Вимблдон од минатата година во кое во пет сета го победи Рожер Федерер.

– Тоа е еден од двата мои најомилени дуели во кој сум играл. Првиот е финалето со Рафа Надал на Австралија Опен 2012 година. Тоа се специјални натпревари. Квалитетот на играта на Федерер беше неверојатно, беше одличен од првиот па се до последниот поен. Јас исто така играв одлично во најважните поени, не промашив ниту една топка во трите тај брејка. Мислам дека прв пат ми се случува такво нешто во кариерата. Вакви дуели се играат само еднаш или два пати во текот на кариерата – додава Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот