Годишнина од масакрот кај Вејце

Фото: Фејсбук

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24). Масакрот се случил во 17:45 часот откако од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммината припадници на безбедносните сили.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, делгација на македонската Армија и припадниците на партијата Достоинство денеска положија цвеќе и запалија осум цвеќи во чест и помен на убиените на местото близу село Вејце – најкрвав и најбрутален масакр којшто го изврши  Ослободителна народна армија, позната како УЧК.

Во чест и сеќавање на припадниците на македонската армија и полиција кои на ова место близу село Вејце ги загубија своите животи. Овие настани од минатото не треба и не смее да не разделуваат, напротив тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат. Вечна им слава, пишува министерката на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов изјави дека тој ден ја затекнал сцената која што останала по нивното убивање.

-Сликите беа ужасни, слики кои не можат да се избришат, вели тој.

Министерката претходно најави дека поднела иницијатива до Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје за загинатите припадници на безбедносните сили.

Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје, објави министерката на нејзиниот фејсбук профил.

Фото: Фејсбук

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24). Масакрот се случил во 17:45 часот откако од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммината припадници на безбедносните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот