Го преплива целиот базен и спречи пораз со гол во последната секунда! (ВИДЕО)

Фото: Твитер/Sylvain Sauvage

Црногорскиот чувар на мрежата во ватерполо, Славен Кандиќ, дефинитивно може да се кандидира за гол на сезоната.

Неговиот клуб Па д`Акс играше со Ноиси и имаше негатива од 9:8 на 12 секунди до крајот на натпреварот.

Голманот Кандиќ одлучи дека нема што да загуби и самиот тргна во напад и тоа резултираше со гол.

Погодок кој значеше спречување на пораз на неговиот клуб, но дефинитивно една несекојдневна сцена во првата француска ватерполо лига.

Ударот заврши во голот и со звукот на средината голманот ги постави конечните 9:9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот