Го повикал бездомникот на бесплатно шишање и бричење, резултатот воодушеви милиони луѓе (ВИДЕО)

принтскрин

Овој бербер целосно го промени изгледот на еден бездомник, а резултатот импресионираше бројни корисници на социјалните мрежи.

Рики Хернандез од Тексас го повикал бездомникот Џеф на бесплатно шишање и бричење, а снимката која беше објавена на крајот на минатиот месец стана вирална и во само неколку дена ја погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе само на Јутуб.

Некои коментираа дека Џеф изгледа барем 10 години помладо по трансформацијата. Џеф му помагал повремено на Рики околу берберницата, а Рики му возвратил со оваа услуга и за тоа добил бројни пофалби за овој негов чин, а меѓу двајцата се развило и пријателство.

„Сега изгледа како холивудска ѕвезда од 2019 година“, „Овој бербер заслужува се најдобро“, „Добра работа, се гледа колку му значело ова“, се само некои од реакциите на воодушевените корисници на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот