Го покажа телото:  Тајсон и на 53 години е вистински ѕвер (ВИДЕО)

Железниот Мајк уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма иако е веќе навлезен во шестата деценија.

Мајк Тајсон неодамна ги воодушеви љубителите на боксот покажувајќи дека сè уште ја има брзите и моќта во своите раце како во времето кога со леснотија ги нокаутираше противниците.

Тој веќе започна со тренинзи поради големата желба повторно да се врати во рингот и да боксува за хуманитарни цели, а како можен противник се најавува 57-годишниот Ивандер Холифилд кој исто така најави кам-бек.

Како можен датум на одржување на нивниот бокс меч се споменува 11 јули.

Во меѓувреме Мајк Тајсон покажа дека не само што се наоѓа во одлична боксерска форма, туку и на 53. години има тело и мускули со кои може да му позавидат далеку помлади мажи но и боксери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот