Реално или не: Тајсон ги воодушеви сите, се врати „Железниот Мајк“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Американскиот боксер планира неколку ревијални борби со цел да се собере парични средства да им се помогне на бездомниците и зависниците од дрога.

И на 53 години Мајк Тајсон после новите сериозни тренинзи за враќање во рингот, се наоѓа во навистина добра форма.

Легендарниот американски боксер објави уште едно видео од своите тренинзи и уште еднаш ги воодушеви фановите.

Во претходното видео само малку беше снимано од неговите тренинзи, но доволно да се видат неговите застрашувачки удари, а сега ги има уште повеќе. Импресивно изгледаат неговата брзина и удари, и кратко порача: „Се вратив“.

Како што е веќе најавено, „Железниот Мајк“ планира неколку ревијални борби со цел да се соберат парични средства да им се помогне на бездомниците и зависниците од дрога, како што беше и тој во текот на кариерата.

Сакам да бидам во форма, да можам боксувам три или четири рунди за добротворни цели. Веќе се чувствувам дека сум во добра форма. Сакам да ги направам овие хуманитарни борби и да соберам пари за да им помогнам на бездомниците и зависниците од дрога, како што бев и јас – рече Тајсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот