Го чуваат споменот на Тоше: Мартин и Стефан од „Некст тајм“ на семејна прошетка низ старото маало
Стефан од „Некст тајм“ објави преубава фотографија со внуката, ќерката на неговиот брат Мартин, како и миленичето на Мартин, а во позадина се гледа и слика од Тоше Проески.
Препорачано
Според објавата, браќата биле на прошетка низ нивното старо маало во Ново Лисиче, заедно со малата Лиана.

Мартин од „Некст тајм“ и неговата сопруга Андреа станаа родители на 23 октомври 2024 година.
„Светот во раце. Добредојде Лиана“, напиша Мартин кога се роди нивната ќерка.
Стефан претходно сподели и фотографија од свадбата на неговиот брат Мартин, кој во 2023 година стапи во брак со ракометарката Андреа Белеска.
„Го дадовме, ја земавме“, напиша Стефан Филиповски.
Тој самиот го кажа судбоносното „да“ на црковна церемонија во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во јули минатата година. Во интимна атмосфера, во присуство на семејството и најблиските пријатели, се ожени со својата долгогодишна партнерка Тинеа.
Мартин и Стефан, браќата близнаци кои се на музичката сцена повеќе од 15 години, во последниве години се препознатливи по обработките на македонски народни песни, со кои ја доближуваат традицијата до помладата публика.
„Драги наши, со гордост ви го најавуваме нашиот концерт во Скопје, 27 ноември, Арена ‘Борис Трајковски’. Ова е вечер за сите генерации. За сите ‘некогаш’ и сите ‘сега’. За љубовта кон музиката. И за љубовта кон македонската песна“, објавија браќата од „Некст тајм“.


