Aли Тобако на Бит Пазар / Фото: Гугл - Мухамет Хактан Калаоглу

Ѓорѓиевски: Ќе се руши „Али тобако“ на Бит-пазар и сите диви објекти низ градот што блокираат тротоари

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки патеки, како и зелени зони.

ФОТО | Толку од „Пласет“ и од кафеаните покрај кејот на Вардар: Се уриваат бараките од „Холидеј ин“ кон „Веро Џамбо“

Како што најави Ѓорѓиевски, меѓу првите на „отстрел“ ќе биде познатото „Али тобако“ на Бит-пазар, за кое тој посочи дека е поставено директно на велосипедска и пешачка патека, што, според него, го отежнува нормалното функционирање на просторот и претставува ризик за граѓаните.

– На Бит-пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме – истакна градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот