Фото: Слободен печат/Филип Николов

ФОТО | Толку од „Пласет“ и од кафеаните покрај кејот на Вардар: Се уриваат бараките од „Холидеј ин“ кон „Веро Џамбо“

Започна уривањето на бараките покрај кејот на реката Вардар, во насока од хотелот „Холидеј Ин“ кон трговскиот центар „Џамбо“, каде што беа сендвичарницата „Пласет“ и кафеаните познати како „50“ и „60“ меѓу скопјани.

Според информации од терен, сопствениците на објектите пред околу десет дена добиле известување од Град Скопје дека договорите за користење на просторот се укинати и дека сите објекти, кои се водат како времени, треба да бидат отстранети најдоцна до 19 декември.

Фото: Слободен печат/Филип Николов

Иако дел од угостителите очекувале да продолжат со работа барем за време на викендот, уривањето почна денеска, во петок.

Вработените велат дека биле затекнати од одлуката и дека, иако газдите на објектите наводно се договориле со надлежните, тие останале без работа.

Фото: Слободен печат/Филип Николов.

Дел од нив за „Слободен печат“ изјавуваат дека немаат други извори на приходи и дека ќе бидат принудени да побараат социјална помош.

Фото: Слободен печат/Филип Николов

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот