Ѓорѓиев: Цело лето се „утепавме“ од работа, горд сум и среќен, заслуживме!

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонија вечерва ја победи Црна Гора и речиси и да го обезбеди пласманот во осминафиналето, но капитенот Никола Ѓорѓиев, иако потенцира дека сонот е остварен, не сака тука да застанеме.

Ѓорѓиев беше презадоволен од добрата игра и победата која секако е заслужена.

„Одлична победа од 3:0, јас се надевам дека овие шест бода ќе не однесат во Италија. На крилјата на оваа публика е полесно, сега разбирам зошто Словенија е толку успешна во Стожице. Многу сум среќен и горд, ова е години и години работа. Ова лето се „утепавме“ од работа, доцна легнуваме рано стануваме, затоа се е заслужено“.

„Јас би сакал ова да е еден почеток, утре да уживаме бидејќи немаме што да изгубиме, па потоа да удриме „гради во гради“ со Холанѓаните. Зошто да не имаме подобар пласман и да ја избегнеме Италија во осминафинале? Видовме дека Црна Гора играше егал со Холандија до 17:17. Се надевам дека ќе дојде уште повеќе публика. Не сакам да звучам лошо, сонот е остварен, но зошто да застанеме тука? Зошто да не бидеме помеѓу најдобрите осум и да го обезбедиме пласманот директно на следното Европско првенство за следната година“, изјави Ѓорѓиев.

Утре во истиот термин, Македонија ја чека натпревар против Полска која во натпреварот влегува како голем фаворит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот