Македонија и одржа лекција на Црна Гора и речиси обезбеди историско осминафинале!

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонските одбојкари денес испишаа нова историја бидејќи со блескавото издание против Црна Гора и победата од (3:0 25:22, 25:18, 25:20) со која речиси и да го обезбедија пласманот во осминафиналето.

Македонија го почна и денешниот меч со ист стартен состав како и против Данска, со Деспотовски како стартен техничар и тоа одлично функционираше на теренот.

Иако бевме одлични и против Данска, вечерва гледавме уште подобра Македонија, па Црногорците немаа на што да се надеваат, доминиравме од почетокот до крајот на натпреварот.

Четирите најдобри селекции од Групата А, потоа во Бари ќе вкрстуваат со најдобрите четири од Групата Б во осминафиналните пресметки, па така треба чудо да се случи Македонија со најмалку две победи да не биде на едно од тие четири места.

За Македонија ова беше само четврта победа во нашето трето учество на европските првенства на кое сигурно ќе го имаме најдобриот пласман.

Oдбојкарите по историја: Македонија сака победа за прво осминафинале на европските првенства

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот