Oдбојкарите по историја: Македонија сака победа за прво осминафинале на европските првенства
Денес од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје Македонија против Црна Гора ќе го игра најважниот натпревар на ова Европско првенство на кое сме домаќини.
Препорачано
Натпреварот е најважен од аспект на остварување на желбата и амбициите на одбојкарите со победа да обезбедат место помеѓу најдобрите 16 европски селекци што би бил прв таков подвиг во нашата историја.
На претходните три учества на европските првенства Македонија со триумфот против Данска во Скопје пред три дена има само три победи, со денешната четврта би обезбедиле осминафинале.
„Ова беше голема победа за Македонија, им честитам на сите наши навивачи. Сега да се одмориме и да размислуваме за следниот предизвик. Горд сум што почнавме триумфално, но ова е само почеток“, изјави по победата против Данска капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев кој беше нашиот најдобар играч против Данците со 17 поени (16 напад, еден ас).
Четвртиот триумф во 12-от натпревар на европските првенства речиси со сигурност ќе значи пласман на Македонија во елиминацискиот сегмент на 33. континентален собир. Затоа што четирите најдобри селекции од Групата А, потоа во Бари ќе вкрстуваат со најдобрите четири од Групата А.


