Ѓоковиќ за влакно избегна нова дисквалификација во Њујорк, за малку ќе удреше момче кои ги собира топките

Новак Ѓоковиќ откри кои му се целите до крајот на 2021 година/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ го избегна најлошото можно сценарио во четвртфиналната пресметка на УС Опен против Матео Беретини кога во четвртиот сет ги загуби нервите и за малку ќе му се случеше истото од минатата година кога беше дисквалификуван бидејќи со топче погоди линиска судијка.
.
Ѓоковиќ водеше со 2:1 во сетови (5:7,6:2,6:2) и при резултат 3:1 во гемови кога се обиде да сервира заредија повиците од трибините. Дел од навивачите се обидуваа да го деконцентрираат Ѓоковиќ и успеаја во намерата бидејќи го загуби поенот.

Новак ги рашири рацете и гледаше кон судијата очекувајќи негова реакција и да побара навивачите да се смират. Судијата го стори откако фановите повторно во извици се обидоа повторно да го деконцентрираат Ѓокови. Српскиот тенисер потоа го освои поенот и тоа откако Беретини погоди аут, а топчето формално беше надвор од игра. Новак во тие моменти сепак се одлучи да го удри и го испрати во правец кон главниот судија и малку ќе удреше во едно од момчињата кои се задолжени да ги собираат топчињата по поените.

Дури и поранешните тенисери Џон и Патрик Мекинро кои коментираа за ЕСПН рекоа дека Ѓоковиќ бил блиску до уште една дисквалификација на УС Опен бидејќи можел да погоди собирач на топки и тоа откако играта е прекината, односно топчето е во аут.

Новак само што го удри топчето во правец на главниот судија. Прибери се“, рече Џон, по што се вмеша и Патрик.
Води сметка таму“.
Да, и јас би гледам каде го удирам топчето. Нема линиски судии, но тука се собирачите на топчиња“, рече Џон Мекинро.
Да, и тоа беше блиску до нив. Ова е добар момент да остане смирен, блиску си до полуфинале, водиш со 2:1 и имаш брејк предност“, додаде Патрик Мекинро.

Видео на денот