Фото: EPA/LUKAS COCH

Ѓоковиќ со пласманот во финалето во Австралија урна и рекорд стар половина век

Новак Ѓоковиќ испиша нови страници во тениската историја со пласманот во своето 38. грен слем финале, бројка што досега никој не ја достигнал во Опен ерата. Најблиску до него е Роџер Федерер со вкупно 31.

Српскиот ас во недела ќе се соочи со Карлос Алкараз во борбата за трофејот, а дуелот ќе го дочека и како највозрасен финалист на Австралија опен. Со 38 години и 241 ден, Ѓоковиќ го надмина рекордот на Кен Роузвол, кој во далечната 1972 година играше финале на 37 години и 54 дена (пред 54 години).

Победата над Јаник Синер беше и негов 20-ти триумф против тенисер од Топ 10 на турнирот во Мелбурн, со што се израмни со Рафаел Надал по бројот на вакви победи на еден грен слем турнир.

Одлучувачки фактор во полуфиналниот успех беше извонредната сигурност на Ѓоковиќ во клучните моменти. Тој одби дури 16 од 18 брејк-топки на противникот, учинок што го надминуваше само во полуфиналето против Енди Мареј во 2012 година.

Финалето утре се игра во терминот од 09:30 часот по средноевропско време.

Ѓоковиќ во епски дуел го совлада Синер и закажа финале против Алкараз на Австралија опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот