Фото: EPA/LUKAS COCH

Ѓоковиќ во епски дуел го совлада Синер и закажа финале против Алкараз на Австралија опен

Уште еден одличен за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на грен слем турнирот во Мелбурн во полуфиналето на Австралија опен против Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ играше против двократниот победник на овој турнир, а по голема драма што траеше до полноќ по локално време, Србинот успеа да стигне до своето ново финале каде што ќе го брка својот 11 трофеј во Мелбурн, или вкупно неговата 25 грен слем титула.

Ѓоковиќ триумфираше против Синер со 3:2 во сетови 3:6, 6:3, 4:6, 6:4 и 6:4 по четири часа и 12 минути игра.

Во првиот сет, сè функционираше во играта на Синер, особено неговиот сервис, што му ја олесни работата многу. Тој погоди 85 проценти од своите први сервиси и освои 19 од 22 поени. Запиша шест аса и 15 победнички поени, во споредба со само петте на Ѓоковиќ. Синер го доби сетот со 3:6.

Ѓоковиќ го доби вториот сет, 6:3. Српскиот тенисер сервираше многу подобро отколку во првиот сет – освои 19 од 22 поени на својот прв сервис. Дури и тоа не го спречи Синер да има четири брејк-топки, но Ѓоковиќ секогаш имаше подготвен одговор.

Третиот сет му припадна на италијанскиот тенисер – 4:6. Со истиот резултат – 6:4, Ѓоковиќ го доби четвртиот сет. Синер спаси две сет-топки, а во целиот четврти сет, Ѓоковиќ направи само пет неизнудени грешки, со 16 победнички поени.

Се чинеше дека Синер полесно добива гемови на својот сервис, но дека Ѓоковиќ исто така ја зачувуваше својата сила, фокусирајќи се на потенцијален брејк и на својот сервис. Тој го скрши отпорот на Италијанецот во петтиот сет. Повторно направи брејк и одигра одлично на својот сервис. Синер успеа да спаси две меч топки, но третата беше на Ѓоковиќ.

Српскиот ас ќе игра во финалето против Карлос Алкараз, кој го победи претходно Германецот Александер Зверев во пет сета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот