Ѓоковиќ со доста мака го победи Фучович во првиот меч по поразот во финалето на УС Опен

Новак Ѓоковиќ го одигра првиот меч во поединечна конкуренција по поразот во финалето на УС Опен/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ одигра маратонски меч против Мартон Фучович кој заврши со среќен крај на Србинот во неговиот прв меч по поразот во финалето на УС Опен.

Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Париз со 6:2,4:6,6:3 го победи Фучович за нешто повеќе два часа игра. Евидентно беше двомесечното отсуство на Ѓоковиќ од тениските терени, во воведниот сет доминираше, лесно ги освојуваше поените и уште вториот гем направи брејк.

Добрата игра Ѓоковиќ ја круниса во осмиот гем кога повторно го одзеде сервисот на Фучович и го освои првиот сет со убедливи 6:2.

Србинот беше агресивен и во вториот сет сакајќи што побрзо да го заврши мечот, но не одеше по планот бидејќи Унгарецот во третиот гем направи брејк. Потоа не можеше да му се закани на Фучович до крајот на сетот, додека Унгарецот прикажуваше се подобра игра, а најдобар доказ за тоа е поенот во кој имаше 27 удари и успеа да го добие. Со сигурен сервис ја задржа предноста до крај и славеше со 4:6 во вториот сет.

Во одлучувачкиот трет сет, Ѓоковиќ прв прави брејк со кој поведе со 3:1 но одговорот беше експресен и Фучович веднаш направи рибрејк. Но, во шестиот маратонски гем Ѓоковиќ ја искористи дури четвртата брејк топка и повторно дојде до гем предност и до крајот со сигурен сервис не дозволи изненадување за триумф од 6:3. Нареден противник на Новак Ѓоковиќ ќе му биде подобриот од дуелот Манарино – Монфилс.

Победа во три сета остварија и Феликс Оже-Алиасим над Магер, младиот Шпанец Алкараз над Ербер како и Шварцман и Димитров кои беа подобри од Милман односно Гаске.
Марин Чилиќ во дват сета го реши Давидович Фокина како и Карен Качанов кој беше подобар од Швеѓанецот Имер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот