Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Иако оваа сезона одигра неславно во Дубаи, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е на светскиот трон и ја продолжи доминацијата и походот кон рекордот на легендарната Штефи Граф.

Сите го чекаа крајот на турнирот во Индијан Велс, на кој Американецот Тејлор Фриц приреди сензација со победата во финалето против Рафаел Надал од Шпанија, по што е објавена новата АТП листа на која Ѓоковиќ е повторно на првото место.

Ноле е повторно на тронот благодарение на францускиот тенисер Гаел Монфис кој го елиминираше Русинот Данил Медведев во Индијан Велс.

Ѓоковиќ е првопласиран со 8,465 поени, пред Медведев кој има 8,445, разликата е само 20 поени. Благодарение на серијата победи од почетокот на сезоната, Надал го зголеми бодовното салдо и сега е на третата позиција со 7,115 бодови.

Во женска конкуренција на ВТА ранг листата води Австралијката Ешли Барти (7,980 поени), пред Ига Швјонтек од Полска (5,776), а третопласирана е Марија Сакари од Грција (5,085).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот