Ѓоковиќ пред тргнување за Токио: Златниот медал на ОИ е една од целите за оваа година
Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои првиот златен медал на Олимписките игри, единствениот трофеј кој му недостасува во богата кариера.
Досега Ѓоковиќ освои бронзен медал на Игрите на Пекинг 2008 година, а пред тргнувањето за Токио порача дека освојувањето на златниот медал е една од главните цели поставени на почеток од годината.
– На најдобар можен начин заминувам од Белград, со голема поддршка од медиумите и својот народ. Имам најголеми амбиции, одам по златото и тоа не е тајна. Тоа е главна цел, поставена уште пред почетокот на оваа сезона, титули на четирите грен слем турнири и златен медал на ОИ – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред заминувањето за Токио.
Препорачано
– Подготвен сум и одморен да одиграм најдобро што можам. Кога играте за својата држава тоа е најголема чест, привилегија. Тоа се најубавите моменти кои еден спортист може да ги доживее. Ретки се моментите кога можам да учествувам во некое тимско натпреварување. Имавме среќа да го освоиме Дејвис Купот, но ми недостасува олимписко злато – додава Ѓоковиќ.


