Ѓоковиќ поради тешка повреда се повлече од „Ролан Гарос“
После одлуката да го откаже денешниот тренинг пред четвртфиналниот дуел, Новак Ѓоковиќ одлучи да не го продолжи настапот на „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.
Препорачано
Српскиот тенисер мораше да се повлече од годинешниот грен слем турнир пред четвртфиналниот меч против Каспер Руд од Норвешка. Ова значи дека автоматски во полуфиналето се пласираше Руд кој го чека победникот од дуелот Александер Зверев (Германија) – Алекс де Минор (Австралија).
Ѓоковиќ се повреди на мечот против Франциско Серундоло, а магнетната резонанца откри дека се работи за сериозна повреда.
Имено, како што соопштија од „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ го скинал медијалниот менискус на коленото, што за постарите од 35 години значи пауза од три до шест месеци, со што го доведе во прашање неговиот настап на Олимписките игри во Лондон.
Исто така, она што може да загрижува е фактот дека повредата на менискусот бара операција во одредени ситуации.
Djokovic has withdrawn from Roland-Garros due to a right knee injury.
Wishing Novak a speedy recovery ? pic.twitter.com/Ilb6HynTzw
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2024
Новак Ѓоковиќ стана тенисер со најмногу победи на грен слем турнирите
ФОТО+ВИДЕО | Ѓоковиќ е чудо: Повреден направи пресврт и славеше по голема битка во пет сета!


