Ѓоковиќ оствари уште едно големо достигнување во кариерата

фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Новак Ѓоковиќ во финалето на АТП турнирот во Аделаида ја освои 92 титула во кариерата, а уште поимпресивно е што на патот до трофејот спаси меч топка.

Највозбудливиот меч во Аделаида го одиграа Новак Ѓоковиќ (Србија) и Себастијан Корда (САД).

Американецот имаше меч топка на крајот од дуелот, а потоа Ѓоковиќ со импресивен удар од мрежата успеа да ја врати меч топката на 6:5.

Србинот успеа да спаси меч поен по осми пат во кариерата во финале на еден турнир.

Ѓоковиќ тоа го направи и во Виена во 2007 година, во Базел во 2009 година, на „УС Опен“ во 2011 година, па една година подоцна во Шангај. Истото го направи во 2019 година во Доха и на „Вимблдон“, како и една година подоцна во Дубаи, а денеска по осми пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот