Ѓоковиќ го совлада Хуркач и сега чека „услуга“ од Синер за полуфинале во Торино

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ денеска го совлада Хуберт Хуркач со резултат 2:1 во сетови 7:6, 4:6 и 6:1 во рамките од третото коло од „Зелената група“ на Завршниот АТП мастерс турнир во Торино, Италија.

Овој триумф може и да не биде доволен за Србинот доколку Италијанецот Јаник Синер не триумфира против Холгер Руне (Данска), меч кој ќе се игра од 21.00 часот.

Најдолго траеше првиот сет кој беше решен во тај-брејкот, а Ѓоковиќ го доби со убедливи 7:1.

Во вториот сет возврати Хуркач кој изнуди брејк во петтиот гем. Следуваше нервоза кај Ѓоковиќ, неколку промашени удари му овозможија на Полјакот полесно да сочува гемови на свој сервис и на крајот ја искористи првата сет топка за израмнување.

Од тој момент беше јасно дека влезот на Ѓоковиќ во полуфиналните борби ќе зависи од мечот Синер – Руне, но тоа не го загрижуваше многу првиот светски рекет.

Во третиот сет целосна доминација на Ѓоковиќ, пресуден беше четвртиот гем кога српскиот ас ја искористи втората брејк можност, следниот брејк следуваше на наредниот сервис на Хуркач, по што Ноле само лесно и фуриозно ја одработи задачата до крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот