„Ги мразам Европејците!“ Келнерка во Њујорк збеснала оти туристи ѝ оставиле „само“ 70 долари бакшиш

Фото: Принтскрин/Твитер

Келнерката Медисон Тејт од Њујорк предизвика голема кавга на социјалните мрежи откако гостите од Европа ги нарече скржави бидејќи не ѝ оставиле поголем бакшиш.

„Ги мразам е…..е Европејци“, напишала извесна Медисон Тејт во објава на Твитер, а пренесува „Дејли мејл“.

Таа работи во ресторан чие име не го открила, а се налутила што група туристи на сметка од 700 долари (650 евра) оставиле само 10 отсто бакшиш, односно 70 долари (65 евра). Непишаното правило во САД е на персоналот во рестораните и баровите да се остава бакшиш меѓу 15 и 25 отсто.

Фото: Принтскрин/Твитер

„Ми оставија бакшиш од 70 долари на масата откако со часови се забавуваа. Мојот шеф ги праша каква им била услугата, а тие беа апсолутно воодушевени, па тој им објасни дека е вообичаено да остават 20 отсто од сметката. Рекоа ‘добро’ и едноставно станаа и заминаа“, продолжила келнерката со галамата на Твитер.

Предлогот за износот на бакшишот бил испечатен и на сметката што ја објавила келнерката.

Сепак, дебатата не отишла во насоката што таа ја очекувала, а многумина брутално ја нападнале поради што Медисон подоцна ја избришала објавата. Пољубезните се обиделе да ја предупредат дека туристите не ги знаат локалните обичаи, па дури и кога сопственикот на ресторанот ќе им објасни, не знаат дали ги мами или е сериозен.

„Европејците се најлоши муштерии“, ѝ напишал некој, а таа одговорила дека може да ги „толерира“ доколку ѝ остават доволно пари. Таа почнала да ги набројува нивните најлоши навики – со часови ги „окупираат“ масите, безобразни се и наметливи…

Обичаите за оставање бакшиш се секогаш актуелна тема – додека некои тврдат дека 15 отсто се премалку, други велат дека рестораните воопшто не треба да наметнува процент на сметките на гостите. Темата повторно се најде во фокусот во последно време поради галопирачката инфлација, а многу жители на Њујорк се жалат дека им се врши мобинг во угостителските објекти и продавниците, барајќи од нив бакшиш на нападен начин.

Корисниците на Твитер се обиделе да ја едуцираат споменатата келнерка дека во различни земји се оставаат различни количини бакшиш, но дека 10 отсто се секогаш прифатливи.

Се огласил и Џо Стефанели, извршен директор на „Cryptech Solutions“.

„Во Европа 10 отсто е нормално. Штотуку оставив бакшиш од 25 отсто во Амстердам и веднаш дојдоа да ме прашаат зошто го направив тоа. Наместо да ги навредувате, едуцирајте се. Светот е многу поголем од САД“, и напишал тој.

„Ние во Аргентина секогаш оставаме 10 отсто, а ништо само кога сакаме да кажеме дека услугата била ужасна“, ѝ напишала една корисничка на Твитер, објаснувајќи дека Европејците не се навикнати на големи бакшиш бидејќи келнерите во баровите и рестораните се многу подобро платени таму отколку во САД.

„Обвини го американскиот капитализам за твојот гнев“, ѝ рекле, додека некои отворено ја нападнале.

„Засрами се, носиш чинии од кујната до масата и очекуваш 130 долари за тоа од секој гостин. Неблагодарна си“, и напишале.

На крајот некој и пишал – „Виновен ти е шефот што те плаќа толку малку, а не туристите кои не се должни да те спонзорираат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот