Георгиевски за Кјелце: Одбраната им е послаба, но имаат феноменален напад!

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Вардар 1961 се подготвува за новиот натпревар од Лигата на шампионите, односно возвратната пресметка против Кјелце во Полска која ќе се одигра утре со почеток од 20.45 часот.

Потсетување на првиот меч во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје „црвено-црните“ загубија пред пет дена со резултат 29:33. Моментно на табелата во групата „А“ лидер е составот на Талант Душебаев со 11 бодови од седум натпревари, додека тимот на Стевче Алушовски е на шестото место со три бода од четири одиграни мечеви.

Десното крило на Вардар 1961, Гоце Георгиевски беше еден од поефикасните на претходната средба со четири постигнати голови.

– Пред тоа знаевме за каков противник се работи, а после првиот натпревар видовме дека има уште многу работи да поправиме. Гледавме видео, анализиравме, каде погрешивме, што треба да направиме, кои грешки да ги поправиме. Знаеме дека Кјелце е една квалитетна и искусна екипа, нападот им е феноменален, функционира беспрекорно.

Мислам дека одбраната им е една од послабите алки. Играат навистина добро, мислам дека доколку им ја спречиме таа транзиција и тој напад и воедно со помалку грешки од наша страна, ќе имаме повеќе шанси. На првиот меч игравме добро во напад, реализиравме доста голови. Многу зицери промашивме, а тоа треба да се сведе на минимум, да не го разбраниме нивниот голман. Би требало да одиграме еден добар меч и да се покажеме во подобро светло во однос на дуелот во Скопје – вели Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот