ФОТО: Душебаев распали со „своите“ Вардарци

Поранешниот ракометар на Вардар постигна 11 гола во победата на Киелце од 29:33.

Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз на домашен терен во годинешното издание на Лигата на шампионите. Вардарци во СЦ Јане Сандански се поразени од полскиот Киелце со 29:33 и тоа во натпревар од седмото коло.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Отсуството на натпревари, ова беше прв натпревар за Вардар по пауза од речиси еден месец, беше видливо со падовите во играта која тимот на Киелце умешно ги користеше.

Вардар одлично го започна натпреварот, и во воведните минути поведе со 5:1 со головите на Јотиќ (два), Калараш, Чупиќ и Талевски. Киелце по пет минути без постигна гол ја прекина серијата од пет гола на Вардар и возврати со своја мини серија од 0:2.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Потоа следеше период во кој и двете екипи свои минути на теренот, прво Киелце израмни на 7:7, па Вардар возврати со два гола едноподруго преку Дисингер и Дибиров, за потоа гостите да дадат три гола во низа (Каралек, Гебала и Душебаев кој во 20. минута му го донесе второто водство на својот тим (9:10). Киелце потоа постигна уште два гола и тоа преку поранешниот вардарец, Алекс Душебаев за предност од 10:12, а на голот на Киелце блескаше Андреас Волф.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од тие моменти ракометарите на Киелце ја презедоа контролата на играта и на резултатот во првиот дел и на пауза заминаа со предност од три гола, 13:16.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во почетните минути од второто полувреме, гостинските ракометари ја одржуваа разликата од два-три гола се до 43. минута кога Вардар се врати во игра и повторно поведе (22:21). Најзаслужни за серијата од 4:0 се Јотиќ со два гола, Валчак и Георгиевски.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Гостите експресно возвратија со своја серија од 5:1 и поведоа со 23:26, а најзаслужни за тоа се поранешните играчи на Вардар, Душебаер кој даде четири гола и Игор Карачиќ.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

До крајот на натпреварот ракометарите на Киелце ја одржуваа предноста и на крајот триумфираа со 27:31.

Ловро Јотиќ со шест гола беше најпрецизен во редовите на Вардар, а пет постигна Иван Чупиќ. Кај Киелце блескаше поранешниот вардарец, Алекс Душебаев со 11 гола.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

По овој натпревар, Вардар остана на три бода, но од само четири натпревари, додека Киелце е лидер на табелата со 11 бода. Наредната недела „црвено-црните“ повторно ќе играат против истиот противник, овој пат на гости,

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот