Христијан Мицкоски / Собрание, Пратенички прашања / ФОТО: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

Имам право да го прекинам премиерот, но не сакам да бидам арбитер и да одземам збор, вели Гаши

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Вин-вин“ на „Телма“ изјави дека избегнува да интервенира во говорите на пратениците и функционерите од собраниската говорница, освен во случаи на навреди и говор на омраза, иако како претседател има деловничко право да го прекине секој говорник.

Изјавата доаѓа по забелешките дека од собраниската говорница сè почесто се испраќаат политички пораки кои навлегуваат во работата на други институции, вклучително и обвинителството.

„Јас имам право, но се трудам да не бидам арбитер и да не одземам збор. Сакам да дозволам да се искажат пратениците. Сè додека нема навреда или говор на омраза, се трудам да не упаѓам во збор никому“, рече Гаши.

Во емисијата беше отворено и прашањето за настапите на премиерот од собраниската говорница, особено во ситуации кога коментира што треба да работи државниот обвинител. На констатацијата дека претседателот на парламентот има обврска да реагира во такви случаи, Гаши повтори дека неговиот пристап е да овозможи што поширока дебата.

Тој смета дека улогата на претседателот на Собранието „не треба да се сведе на цензор на политички ставови, туку на гарант на процедурата и достоинството на институцијата“.

Гаши призна дека политичката култура во парламентот сè уште е предизвик, но оцени дека ограничувањето на говорот не е решение за проблемите во јавната дебата.

„Тоа е прашање на политичка култура“, рече претседателот на Собранието, додавајќи дека институцијата работи и на нов етички кодекс за пратениците.

Тој повтори дека негов приоритет е да обезбеди простор за изразување на различни политички ставови, без притоа да се нарушат основните правила на комуникација и функционирањето на парламентот.

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, Филипче најави и кривична пријава и интерпелација за Гаши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот